
Поранешниот претседател Стево Пендаровски упати критика и за комуникациската стратегија на СДСМ, оценувајќи дека преголемото инсистирање на темите поврзани со уставните измени и европската рамка не носи политички поени.
„Во политиката ги форсираш оние прашања што ти носат поени. Криминалот, корупцијата, аферите и животниот стандард се теми што граѓаните ги чувствуваат секој ден“, порача Пендаровски во „360 степени“.

Македонски


