
По ладниот атмосферски фронт кој се спушта директно од северот на Европскиот Континент кон Балканот и Македонија и носи врнежи од дожд и снег и снежна покривка на планините, како и силен ветер од северен и од североисточен правец, а на Јадранот и силна бура, веќе во текот на ноќта кон утрешното утро 1 Мај 2026 петок следува престанок на врнежите и намалување на облачноста.
Сепак ќе продолжи да дува повремено засилен до силен ветер од северен и од североисточен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час, најавува Славчо Попоски.
До утре во најголем дел од Балканот Попоски очекува минусни температури и појава на мраз.
На високите планински места температурите утре наутро ќе се спуштат околу -10 степени. Повеќе мраз ќе има на повисоките населени места и на планините каде очекувањата се дека температурите ќе се спуштат дури и под -5 степени.
Извор: Метеоаларм

Македонски


