
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) штотуку издаде вонредно известување за моменталната состојба со времето во државата.
Иако главниот бран од силниот студен фронт се најавуваше за утре, најновите радарски снимки покажуваат дека атмосферата веќе е сериозно дестабилизирана во делови од Македонија.
Според најновата радарска слика, во западните и југозападните планински региони во моментов има појава на нестабилност проследена со пороен дожд и силни грмежи, соопштуваат вонредно од УХМР.

Македонски



