Skip to main content

ООУ „Никола Карев“ – Кочани засади 59 дрвца во чест на прерано згаснатите 59 ангели: Ги замолуваме нашите сограѓани и минувачите да внимаваат и совесно се однесуваат кон нив!

Денот на пролета никогаш не бил потажен и потемен,за разлика од минатото и дочекот на пролета со детски џагор,насмеани и весели лица на учениците,вработените и родителите денес е многу тажно,тивко и болно…соопштија од училиштето.

Како училиште во чест на нашите прерано починати ученици,сограѓани,роднини и сл.во училишниот двор посадивме (59)педесет и девет дрвца за нашите ангели и херои!

Секое дрвце е посадено со многу љубов и секое дрвце има свое име кое ќе одгледуваме со многу љубов и внимание.

Ги замолуваме нашите сограѓани и минувачите покрај нашиот училишен двор да внимаваат и совесно се однесуваат кон нив!

Никогаш нема да ве заборавиме,секогаш ќе бидете врежани во нашите срца.

Поврзани вести