
Завршена е целосната реконструкција на улицата „Бел Камен“, една од главните сообраќајници во Кочани, со што значително се подобрува безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во градот.

Инвестицијата е во вредност од 12,7 милиони денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку Проектот за локални патишта. Во рамки на истиот проект завршени со реконструкција се и улиците „Борис Трајковски“ и „Гоце Делчев“.
Паралелно со овие активности, преку проектот за поддршка на општините, Владата инвестира и во изградбата на градската магистрална улица „Новопланирана 1“, како и во реализација на уште неколку значајни инфраструктурни проекти во општината, во вкупна вредност од околу 320 милиони денари.

Со реализацијата на овие проекти испраќаме јасна и силна порака дека Владата е заедно со граѓаните на Кочани и активно работи на решавање на нивните потреби.
Овие инвестиции претставуваат конкретни чекори кон создавање подобар и поурбан и град за живеење, како и нови можности за граѓаните и за деловната заедница.

Со овие активности покажуваме дека Владата континуирано работи на создавање услови за локален економски развој, привлекување нови инвестиции и обезбедување подобра иднина за граѓаните на Кочани.

Македонски



