Skip to main content

Митева: Водиме дипломатија со интегритет, посветени сме на раст и развој и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска

Не сметам дека можеби тоа е начинот на којшто се водат или се градат едни добрососедски односи. Сметам дека дијалогот е правата формула по којашто треба да се стигне до било какво решение. Можеби овие наративи имаат некоја друга позадина, но нашата цел е навистина да покажеме една стабилност, едно водење на дипломатија со интегритет и со не анализирање или пак прераскажување на нечии изјави коишто практично и не доаѓаат од наши претставници или од наши институции – истакна Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Влада, во гостување во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално.

Митева се осврна на реформската агенда и посочи дека државата покажала напредок и исполнување на реформите. Таа додаде дека исплатените средства во делот на Планот за раст се потврда за посветеноста кон реформската агенда.

Најголемата потврда за она што го говоревме, е онаа прва исплата којашто ја добивме од Планот за раст, каде што навистина предничевме во однос на сите останати земји. Го потенциравме тоа дека навистина сме посветени и дека очекуваме таков да биде резултатот. За среќа на македонските граѓаните тоа се исполни, затоа што тоа е еден показател којшто ние како Влада, пред европските претставници, покажуваме поинаков потенцијал за тоа каков е капацитетот на оваа држава доколку навистина сака да посвети на развој, на раст и на она што значи исполнување на домашна задача и обврска – рече Митева и додаде: Очекувам до крајот на јуни да се завршат и оние останати процеси коишто се дел од реформската агенда и повторно да бидеме предводници во делот на исполнување на чекорите, а сето ова ќе биде потврдено со онаа исплата којашто ќе треба да следи, по извештајот, некаде во средина на јуни. Така што времето ќе биде најголема потврда за она што го говориме ние како Влада и најголема потврда за невистините кои се пласирани во јавноста од страна на опозицијата.

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, се осврна на темата за правосудството за што кажа дека забавувањето на одредени процеси не значи дека правдата нема да биде задоволена, посочувајќи дека Владата презела повеќе чекори за подобрување на состојбите во правосудството. Според неа, нема да има компромиси во борбата против криминалот и корупцијата.

Ако процесот забавува, не значи дека правдата нема да ја има. Не можеме ние да делуваме со едни позиции во рамки на опозиција, со други во рамки на власт. Покренавме многу чекори кои што се донесуваа на правосудството, покренавме многу постапки, за кои што токму од овие денес кои ќе ви речат, ништо не се случува во правосудството, бевме обвинети дека правиме притисок, дека сакаме некого на сила да разрешуваме, дека ние можеме да ги мешаме прстите во тие делови – вели Митева.

Таа посочи дека има проактивност во делот на решавање на состојбите, и поред неа тоа е нешто што секоја влада треба да го направи.

Имавме проактивност во делот на решавање на состојбите и навистина нешто кое што значеше и ветување, но и нешто природно кое што секоја влада треба да го направи, тогаш истите овие зборуваа дека ги мешаме прстите во правосудството во целина, за денес да кажат ништо не правите во делот на правосудството и корупцијата – кажа Митева и додаде: Сме Влада која што навистина ќе покаже различно ниво во овој дел. Нема компромиси кога станува збор за таквите состојбите. Покажавме и на дело дека нема привилегирани ниту ќе има. Тоа е начинот на којшто граѓаните ќе ја осетат насоката во која што се движиме, особено со криминалот и корупцијата и состојбите во правосудниот систем.

Поврзани вести