Skip to main content

Вардар на 7., Силекс и Шкендија на 9 јули: УЕФА кога нашите клубови ќе настапат во европските купови

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави термините за одигрување на натпреварите од 1. квалификациско коло во европските купови, во кои сезонава ќе настапуваат Вардар во Лигата на шампиони, а Силекс и Шкендија во Конференциската лига.

Вардар во воведното квалификациско коло во елитното натпреварување за противник го има фински Купс и првиот натпревар во Скопје е закажан за 7. јули на Арената „Тодор Проески“ со почеток во 19. часот.

Реваншот во Куопио ќе се игра на 14. јули со почеток во 17. часот по македонско време.

Освојувачот на македонскиот Куп, Силекс, за противник во воведното квалификациско коло во Конференциската лига го доби белоруски Динамо Минск и првиот натпревар ќе го одигра на неутрален терен во бугарскиот град Стара Загора на 9. јули со почеток во 19. часот.

Реваншот е закажан за 16 јули на Тренинг центарот на ФФМ во Скопје со почеток во 20. часот.

Тетовска Шкендија настапот во Конференциската лига ќе го почне на гостински терен против Европа од Гибралтар на 9. јули со почеток во 19:30 часот, додека реваншот е закажан за 16 идниот месец на Арената „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот.

Поврзани вести