Skip to main content

Јас и мојата река ИЛИНДЕН заедно до ….!

САМО ВОДАТА И КАУЗАТА СЕКОГАШ ГО НАОЃААТ СВОЈОТ ПАТ.

Месец јуни 1962 година, последни денови пред летниот распуст и истовремено последен час по предметот географија, време за сведување на оценките.

На мое големо изненадување, учителката ме скорна (стана) мене и ми постави прашање со кое ќе сум ги расчистел дилемите кај неа за конечно оценување.

Инаку, МАРГА, тоа беше нејзиното име, беше извонреден педагог, експерт во својот предмет, природно авторитетна, елегантна, секогаш прилегана, строга но бескрајно праведна.

Но, најпрепознатливо беше тоа и нејзин имиџ, што сите го гледавме, еден необичен детал од нејзината беспрекорна уредна гардероба.

Имено, секогаш и зима и лето носеше облека со долги ракави, но завртени до лактови, а најнеобично беше тоа што во левата рака секогаш под ракавот имаше шамивче (марама).

Нејсе, прашањето што ми го постави беше едноставно и многу лесно и гласеше:

Кои се најпознатите географски особености на градот КРУШЕВО?

Колку што беше едноставно прашањето, стопати беше покомплициран мојот одговор.

Крушево е познато по многу географски специфичности, но најмногу е познато кај нас и цел свет по тоа што во КРУШЕВО извира реката ИЛИНДЕН.

Во одделението настана општа смеа и чудење, а само МАРГА, учителката остана совршено прибрана и мирна, за потоа да продолжи со испрашувањето:

Добро, каде точно извира реката?

Кај месноста МЕЧКИН КАМЕН, а самото врело ИЗБЛИКОТ ИЗДАШЕН се вика ВМРО беше мојот одговор.

Кое е течението на реката? – беше следното прашање.

ИЛИНДЕН е река втора КРШТЕВНА после реката ЈОРДАН, но единствена по тоа што тече од самиот извор на четири страни, беше мојот одговор.

Каде поточно? – бев прашан.

На исток се влева во реката МЕСТА, на север и запад кон планинските венци и масиви ШАР ПЛАНИНА, ПРОХОР ПЧИНСКИ, ЈАБЛАНИЦА, МОКРА ГОРА, а на југ долу до краците во свето УСТИЕ БЕЛОМОРИЕТО.

Веројатно заради тоа што учителката не им се придружи во смеата на моите соученици одеднаш нередот се претвори во гробна тишина, чекајќи ја зачудено нејзината реакција.  

Поминаа неколку мигови тешки како вечност, за потоа МАРГА го извади нејзиното традиционално ексклузивно обележје ШАМИВЧЕТО кое што не беше ни четвртасто, ни триаголно туку беше со многу необична форма, со полукругови, засеци, краци, кривудаво, но сите ја препознавме ГЕОГРАФИЈАТА на НАШАТА ПРАТАТКОВИНА, не тогашна, туку поранешна и апсолутно сигурно во иднина МАКЕДОНИЈА.

ШАМИВЧЕТО беше со силна црвена боја, на кое беа обележани сите градови и села, а со доминантно поголеми букви СОЛУН со црна боја. По граничните ивици сето беше порабено со светла златно жолта СРМА.

Ги избриша своите солзи, го прекина часот и замина речиси уште пред да почне и нé ослободи.

Подоцна бев многу љубопитен, и со полна грижа на совест заради настанот што го предизвикав, се обидував да ја објаснам причината за таквата, за тоа време многу необична реакција на МАРГА.

Дознав дека МАРГА е велешанка и е од благородна лоза на МАКЕДОНСКИ ПРЕРОДБЕНИЦИ, револуционери и гемиџии, чесни борци и храбри луѓе за МАКЕДОНСКАТА КАУЗА.

Во тој момент се разбудив. Сонот го сонив на ВТОРИ АВГУСТ, ден на СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА во народот познат како ИЛИНДЕН, недела наутро сабајле.

Според преданието:

Соништата, што се сонуваат во недела сабајле, секогаш се остваруваат.

И, второ меѓу пророштвата на СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА се наоѓа едно пророштво што се однесува на МАКЕДОНИЈА што е запишано во СТАРИОТ ЗАВЕТ во кое СВЕТЕЦОТ претскажува: 

МАКЕДОНИЈО, СЛАВНО ЦАРСТВО СУДЕНО ТИ Е ДА ГО НАЈДЕШ СВОЕТО ГОСПОДАРСТВО.

Заради тоа СВЕТИ ИЛИЈА се доживува како МОСТ помеѓу државноста на МАКЕДОНИЈА и нејзината вечна небесна заштита.

Јас и мојата река ИЛИНДЕН продолжуваме да течеме без застој до нашите УСТИЈА.

Вие скептиците, колебливците, кукавиците. Вие, со вашите познати обележја, лактосување, ползење и лигавење ќе ги претркате сите и први ќе стигнете.

Тогаш единствено храбро јуначко дело ќе ви биде да отворате паметници, могили, музеи и да држите говори величејќи ги делата на БЕСМРТНИТЕ, при тоа ништо не разбирајќи зошто го правите тоа.

Нека е честит и вековит ИЛИНДЕН – СПОМЕНОТ НА БЕСМРТНИТЕ и ПИЕТЕТОТ КОН НИВ, реката нека тече кон УСТИЕТО, некогаш мирно, некогаш со заобиколување, најчесто брзо и храбро, за благодарност наша, радост нивна и ексклузивна привилегија на ХРАБРИТЕ.

ВЕЧНА ВМРОВСКА МАКЕДОНИЈА !!!