Skip to main content

Ердоган го поздрави американско-иранскиот договор

Facebook / Recep Tayyip Erdoğan
Facebook / Recep Tayyip Erdoğan

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, изјави дека Турција ја поздравува спогодбата постигната меѓу Иран и САД и дека е подготвена да ја даде потребната поддршка за мирно завршување на процесот, соопшти кабинетот на турскиот претседател.

Ердоган предупреди дека треба да се биде буден во однос на обидите за саботирање на преговорите и истакна дека новите чекори за зајакнување на регионалниот мир се и неопходни и важни, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Поврзани вести