Skip to main content
Го прголтал како дете, па го заборавил

Човек во Кина живеел со живин термометар во цревата 20 години

Weibo

Еден жител на Кина живеел со живин термометар во цревата 20 години, пишува весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Овој феномен бил откриен кога 32-годишниот маж отишол во болница со силни болки во стомакот. При прегледот се испоставило дека тој случајно проголтал термометар како дете, но се плашел да им каже на родителите и на крајот заборавил на него.

Според лекарите, термометарот почнал да притиска на ткивото, создавајќи ризик од внатрешно крварење.

Термометарот бил успешно изваден за време на операцијата.

Поврзани вести