Skip to main content

Средба на Минчев со амбасадорката на Грција со фокус на јакнење на капацитетите за стручно усовршување

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во просториите на Министерството оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду.

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка, со посебен акцент на реформите и модернизацијата на јавната администрација, информираат од Министерството. 

Соговорниците се осврнале на можностите за продлабочување на партнерството преку размена на искуства и добри практики, како и преку користење на европските програми за поддршка на институционалниот развој.

Особено внимание било посветено на воспоставувањето и развојот на Академијата за јавна администрација, како значаен сегмент во градењето професионална, ефикасна и департизирана јавна служба. Во тој контекст, била изразена подготвеност за соработка и размена на експертиза во делот на обуките, стручното усовршување и развојот на административните капацитети.

Министерот Минчев ја истакнал важноста од континуирана соработка со Република Грција како сосед и партнер, нагласувајќи дека ваквите средби придонесуваат за зајакнување на меѓусебната доверба и за унапредување на реформските процеси во јавниот сектор.

Министерството за јавна администрација, велат оттаму, ќе продолжи активно да ја унапредува меѓународната соработка и да вложува во јакнење на институционалните капацитети, со цел обезбедување поквалитетни, поефикасни и подостапни услуги за граѓаните. 

Поврзани вести