Skip to main content

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

elijah-g-on-unsplash

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ги поништи огласите за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието. 

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, изјави дека огласот се поништува и ќе биде повторно објавен поради немање услови за утврдување предлог-листа за член на Комисијата. 

Комисијата претходно одржа јавна расправа со интервјуа со пријавените кандидати по одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Пријавени беа седуммина кандидати, и тоа: Миле Стојановски, Кадрије Мустафа, Усеин Елезоски, Жаклина Дамческа, Кире Василев, Ирфан Лимани и Даниела Стојановска-Џинговска. 

Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието претседателот на законодавниот дом го објавил на 7 април, но поради технички причини, тој не бил објавен ваб-страницата на Собранието и поради тоа потребно е Комисијата да го поништи огласот, објасни претседателот на Комисијата, Сајкоски. Претседателот на Собранието ќе распише нов оглас. 

Поврзани вести