
Хемиските гиганти од ЕУ губат голем дел од светските пазари од азиските конкуренти, објав „Ројтерс“.
Според изданието, до крајот на првиот квартал, се очекува хемиските компании од ЕУ да објават значително послаби резултати, страдајќи од глобалната енергетска криза.

Во споредба со другите индустрии, хемискиот сектор е особено силно погоден од наглиот пораст на цените на енергијата, бидејќи главно користи нафта и гас како суровина“, реагираат од германската асоцијација на хемиска индустрија ВЦИ
Новата енергетска криза ја влоши веќе тешката ситуација во индустријата, која со години страдаше од слаба побарувачка, високите цени на енергијата, прекини во синџирот на снабдување и бавен економски раст во целина.
Сепак, азиските конкуренти одржуваат предност благодарение на пониските трошоци за производство, што им помага да го ублажат влијанието на слабата побарувачка, нагласува „Ројтерс“.

Македонски


