Skip to main content

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски

Правниот факултет „Јустинјан Први“- Скопје соопшти дека почина Проф. д-р Трајан Бендевски, редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со смртта на проф.д-р Трајан Бендевски, загубивме драг и почитуван колега, автор на бројни научни и стручни трудови, успешен интелектуалец, извонреден предавач и одличен педагог.

Ќе останат во вечно сеќавање неговиот богат творечки опус, професионализмот и посветеноста карактеристични за неговата работа и хуманиот однос кон студентите и колективот.

Посмртните останки на проф.д-р Трајан Бендевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 11.11.2025 година (вторник) од 12,30-13,30 часот, соопштија од Парвниот факултет.

Поврзани вести