
На половина пат до салата за говорници, Доналд и Меланија Трамп за миг останаа „заглавени“, не поради протокол, туку поради ескалаторот кој неочекувано застана во зградата на Обединетите нации.
Сè што добив од Обединетите нации беше ескалатор што застана среде патот нагоре. Ако првата дама не беше во одлична форма, ќе паднеше. Ама таа е во одлична форма. И двајцата сме во добра форма – рече шефот на САД пред новинарите.
Првиот човек на САД подоцна го искористи моментот за иронична критика на ОН додека зборуваше од говорницата на Генералното собрание.
Овие се двете работи што ги добив од Обединетите нации: лош ескалатор и лош телепромптер – рече тој и ги насмеа присутните откако претходно се дозна дека тој ќе мора да чита од својот говор бидејќи телемпромптерот се расипал.
#ONU El dato curioso: mientras Trump subía al podio, el teleprompter se rompió y la escalera mecánica se detuvo.
— El Venezolano CR (@VenezolanoCR) September 23, 2025
Melania decidió avanzar y la comitiva, incluso Trump, la siguieron.
📹 Cortesía pic.twitter.com/FKdjDRPtmo
Трамп се обрати на 80‑тата сесија на Генералното Собрание, на ден кога глобалните проблеми како војните во Украина и конфликтот во Газа, климатските промени и миграцијата се на врвот на агендите на светските лидери.
Во својот говор тој остро ги критикуваше европските лидери за нивната политика со илегални мигранти, зборуваше за можните санкции за Русија, за борбата на САД со наркокартелите во водите близу Венецуела и предупреди за опасностите од биолошкото оружје.