
Претседателот на САД, Доналд Трамп ги поништи наредбите за помилување за 37 осудени криминалци претходно издадени од неговиот претходник Џо Бајден, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ).
По одлуката на Трамп, повеќето од овие затвореници беа префрлени во федералниот затвор со максимална безбедност АДХ Флоренс во Колорадо, каде што затворениците поминуваат до 23 часа на ден во самица.
Трамп остро ја критикуваше одлуката на Бајден да ги поништи смртните казни и да ги преименува во доживотен затвор, истакнувајќи дека „оние што ги уништија животите на другите сега самите ќе ја доживеат правдата“.
Исклучок беше направен само за неколку затвореници со сериозни здравствени проблеми, кои беа префрлени во специјални медицински установи.
Според „Волстри џурнал“, за време на интерните состаноци, американските претставници разговараа и за можното заострување на условите во затворот Флоренс, при тоа оценувајќи оти „прозорците на ќелиите и квалитетот на храната се премногу удобни за затворениците со висок ризик“.
Во март, Трамп формално ги прогласи наредбите за помилување на Бајден за неважечки, тврдејќи дека тие биле издадени од „автоматизиран систем без човечка контрола“, за кој рече дека „го поткопува легитимитетот на судството и владеењето на правото“.