
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе учествуваат на состанокот на „Коалицијата на подготвените“, што на 13 јули ќе се одржи во Париз, соопшти Елисејската палата.
Како што е наведено во соопштението, состанокот има за цел да се надогради моментумот за помош на Украина по неодамнешниот Самит на НАТО во Анкара и да се финализираат безбедносните гаранции за периодот кога ќе се постигне прекин на огнот помеѓу Украина и Русија.
Елисејската палата наведе дека уште две земји, Македонија и Молдавија се приклучија на Коалицијата на подготвените.
Се очекува на средбата во Париз да присуствуваат и претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Македонски



