
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, има намера да добие бонус од 80 милиони евра за продолжување на договорот со „Лос Бланкос“.
Според новинарот Пепе Алварез, 26-годишникот сака да ги зголеми и своите права за имиџ од 50 проценти на 80 проценти.
Поради барањата на Винисиус, неговата иднина во клубот останува под знак прашалник.
Крилниот напаѓач е во Реал Мадрид од 2018 година, а неговиот договор важи до летото 2027 година.
Во сезоната 2025/26, напаѓачот одигра 53 натпревари за мадридскиот клуб во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и 14 асистенции

Македонски


