Skip to main content

Горештината по трет пат ја затвори нуклеарната централа Голфеш во Франција

Еден од двата реактора во нуклеарната централа Голфеш која се наоѓа на околу 100 километри северозападно од Тулуз, повторно е затворен поради екстремните горештини, соопшти денеска француската Електродистрибуција (ЕДФ).

ЕДФ веќе го имаше затворено истиот реактор во периодот меѓу 23 јуни и 3 јули, а потоа повторно меѓу 9 и 27 јули, за да спречи температурата на реката Гарона, во која централата во департманот Тарн и Гарона ја испушта својата вода за ладење, да надмине 28 степени Целзиусови, како што е пропишано со декретот од 2006 година.

Вториот реактор во централата Голфеш исто така е затворен „поради одржување и дополнување гориво“, се додава во соопштението.

Во Франција во тек е четвртиот топлотен бран од почетокот на летото.(МИА)

Поврзани вести