Skip to main content

Десет пожари на отворено регистрирани денеска низ државава, три сè уште активни

На територијата на државата до 19 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, три сè уште се активни, а останатите се изгаснати, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи.

Првиот активен пожар е на територија на општина Желино, во регионот на село Горна Лешница, каде горат сува трева и мешана шума. Ниска вегетација е опожарена во општина Валандово, на подрачјето на село Удово покрај реката Вардар. Последниот активен пожар е во општина Долнени, во регионот на селата Црнилиште и Стровија, каде се опожарени сува трева и ѓубре.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Долнени, Кавадарци, Кичево, Делчево, Желино, како и два во гостиварскиот регион.(МИА)

Поврзани вести