
До 13:00 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои три се активни, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите кај селото Јурумлери во Општина Гази Баба, каде гори ѓубре, кај селото Сарандиново во Општина Долнени, каде е зафатена сува трева, како и кај селото Бошава во Општина Кавадарци, каде гори ниска вегетација и сува трева.
Во моментов нема пожари кои се ставени под контрола.
Во меѓувреме, целосно се изгаснати пожарите кај селото Мало Коњари во Општина Прилеп и кај селото Милетино во Општина Тетово, каде горела сува трева.

Македонски



