Skip to main content

Џонсон: Нема време за уставни измени за нов мандат на Трамп

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за уставните ограничувања и дека нема доволно време да се направат измени во основниот закон кои би му овозможиле на републиканецот да се кандидира за трет мандат.

Седумдесет и деветгодишниот Трамп вчера одби јасно да каже дека нема намера да се кандидира повторно, со што ги поттикна шпекулациите за можен обид да остане на власт и по завршувањето на актуелниот мандат.

Има одличен мандат. Но мислам дека претседателот знае, и разговаравме за тоа, дека постојат ограничувања во Уставот, рече Џонсон пред новинарите.

Тој додаде дека не гледа начин да се измени Уставот, бидејќи процесот трае околу десет години — време потребно за ратификација од сите држави.

Не гледам пат кон тоа, заклучи Џонсон.

Сојузниците на Трамп, меѓу кои и Стив Бенон, во неколку наврати сугерираа дека би можело да се испита можноста за укинување на ограничувањето на два мандата, запишано во Дваесет и вториот амандман на Уставот.

Трамп, пак, на митинзи и со продажба на капи со натпис „Trump 2028“ — годината на следните избори — често сугерира идеја за трет мандат.

Тој се забавува дразнејќи ги демократите, кои паѓаат во паника дури и од самата можност, изјави Џонсон. Актуелниот мандат на Трамп истекува во јануари 2029 година.

Трамп вчера, исто така, ги пофали потпретседателот Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио како „одлични луѓе“, кои би можеле да се кандидираат на изборите во 2028 година. 

Поврзани вести

giyimJojobetMultiwin girişmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositLivebahiszirvebetjojobetsekabetMarsbahis girişcasibomAvvabetAvvabet GirişAvvabet GirişAvvabetAvvabet GirişAvvabetAvvabetstarzbetcasibomholiganbetmarsbahiscasibom girişjojobetfixbetjojobetmarsbahisBetnis