Skip to main content

Прво реми на Мундијалот: Босна и Херцеговина и Канада ги поделија бодовите

Во доста динамичен натпревар во Тоонто, Канада и Босна и Херцеговина ги поделија бодовите играјќи 1:1.

Канаѓите практично во текот на целиот натпревар играа поактивно, со поголема желба да вршат притисок кон противничкиот гол, на што Босанците одговорија со мирна игра и таа трпеливост им се исплатеше во 21 минута, кога дојдоа во водство по корнер. Стрелец на голот беше Јово Лукиќ.

Во вториот дел, канадските фудбалери влегоа со голема решителност да одиграат за да ја анулираат предноста на босанската репрезентција и тоа донесе игра без задржување која отораше простор за контранапади на Босанците.

Канаѓаните беа на чекор до израмнување, но во една ситуација топката заврши во гредата од боснаскиот гол, а во друга Босанците спасуваа од гол-линијата, но своја шанса за решавање на мечот имаше и Босна и Херцеговина, кога не реализираше ситуација еден на еден со голманот.

Упорноста на Канада даде резултат во 78 минута, кога Кајл Ларин прими една топка на работ од шеснаесетниот, одлично реагираше и брзо и прецизно ја испрати топката зад грбот на немоќниот голман Никола Васиљ.

До крајот, Канаѓаните притиснаа и за втор гол, но Босанците успеаја да се одбранат.

Поврзани вести