Skip to main content

Едно лице загина при пад на приватен хеликоптер кај езерото Маџоре во Италија

julia-casado-from-pixabay

Приватен хеликоптер се урнал во близина на местото Солчо ди Леза, на брегот на езерото Маџоре во Италија, јави агенцијата АНСА.

Во несреќата едно лице загинало, а три лица се повредени.

Според првичните информации, хеликоптерот полетал од вила во тој регион и кратко потоа се урнал.

Причините за несреќата засега не се познати и се предмет на истрага.

Поврзани вести