
Вонредна состојба е прогласена на територијата на Британска Колумбија поради шумски пожари, поради што на речиси 22.000 луѓе им е наредено да се евакуираат, соопштија официјалните претставници на најзападната канадска покраина.
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Еби изјави дека на сите 12.000 жители на округот Самерленд им е наредено да ги напуштат своите домови, бидејќи шумскиот пожар во Болд Рејнџу брзо се проширил во заедницата, пренесува националната радиотелевизија на Канада.
Еби соопшти дека во таа покраина има десетици шумски пожари кои се под контрола, од кои најопасен е пожарот во Болд Рејнџу, за кој се проценува дека претставува опасност за животот и безбедноста на луѓето.

Македонски


