Skip to main content

Младо момче следејќи вештачка интелигенција се изгубило во канадските планини, го спасувале со хеликоптер

vyacheslav-lozhkin-from-pixabay

Младиот планинар Брајс Винсент Говрилук е спасен во канадските планини откако скршнал од планираната рута – следејќи погрешни насоки од вештачката интелигенција „Клод“ (Claude), па останал заглавен под стрмна карпа во реонот Британска Колумбија.

Говрилук (16) се качил со гондола на планината Граус, а потоа побарал од „Клод“ да му испланира рута до блиската планина Краун и назад. При планинарењето, насоките од чет-ботот го одвеле вон патеката кон „Видоус Риџ“ („Гребенот на Вдовицата“ – Widow’s Ridge) – дел за чие минување се потребни опрема за качување, јажиња и внимателно планирање. Сфаќајќи дека теренот е премногу стрмен за да продолжи, тој се јавил кај мајка сѝ, а потоа и кај службите за итни случаи.

Тимот за спасување испратил хеликоптер, но поради близината на карпата, морале да спуштат двајца спасувачи на земја за да го извлечат момчето.

Тинејџерот бил пренесен во база за спасување близу браната Кливленд. Раководителот на операцијата за потрага, Пол Марки изјави дека момчето имало соодветна облека, чизми, батериска ламба, резервна батерија и храна, но не бил опремен за качување по карпи.

Надлежните упатија предупредување до планинарите да не се потпираат слепо на вештачката интелигенција при планирањето на своите рути. 

Поврзани вести