Skip to main content

Холанѓанец добил отказ откако трчал маратон додека бил на боледување: Добил 60.000 евра оштета поради неправедно отпуштање

Freepik

Холанѓанец учествувал на маратон во Ротердам додека бил на боледување поради проблеми со колкот, по што добил отказ од фирмата за обработка на метали, каде што работел. Според работодавачот, тој ја злоупотребил неговата доверба, избегнувајќи одговорност кон фирмата.

Сепак, по таквата одлука, тој поднел жалба до Судот, наведувајќи дека не се согласува со одлуката.

Физичката активност може побрзо да му помогне во заздравувањето и затоа му одобрив постепено зголемување на физичкиот напор“, се наведува во извештајот од докторот.

По разгледаните докази, Судот донел одлука во негова корист, односно компанијата да му исплати оштета од 60.000 евра, како и дополнителен паричен надомест.

Поврзани вести