Skip to main content

И на една Холандија може да и се случи да загуби 5-0

 Репрезентацијата на Холандија синоќа во Берлин претрпе еден од најтешките порази загуби со 5:0 од Германија, а дополнителен проблем е тоа што истиот тим три дена порано ја надигра Грција и победи со 7:0.

–  Секогаш се обидувам да бидам искрен и ситуацијата е навистина лоша. Се обидувам да ја разберам ситуацијата. И навистина сум тажен затоа што до пред натпреварот бев навистина горд на тимот, навистина горд што сум нивен тренер, но денес се чувствувам навистина тажен. Јас сум одговорен. За овој натпревар треба да ја прифатиме критиката, затоа што сликата е толку лоша, а особено вредностите. Не можете да направите ништо без дух, не во фудбалот, туку во животот. Значи, да, денес е шок за мене како тренер, но во ред, ќе научиме од ова, изјави Чави на прес конференцијата.

Холандија покрај високиот пораз го загуби и првото место во групата и сега во четвртфиналето ја очекува натпревар против Англија, Франција и Португалија или Данска.

Поврзани вести