
Во 2026 година, Албанија ја зголеми површината на своите јавни плажи за над 300.000 квадратни метри, што претставува раст од над 10 проценти на годишно ниво, јави АТА, повикувајќи се на изјава на албанскиот министер за туризам, култура и спорт, Бленди Гонџја.
Според него, во текот на тековната летна сезона, површината на јавните плажи во Албанија достигна 3,18 милиони квадратни метри, што претставува зголемување од 10,5 проценти (или нешто над 303 илјади квадратни метри) во споредба со минатата година, кога изнесуваше 2,88 милиони квадратни метри.
Во истиот период, бројот на парцели што се користат за јавни плажи се зголеми за 67 проценти, од 1.014 на вкупно 1.689.
-Проширувањето на површината на јавните плажи придонесува и со враќањето под државно управување на вкупно 665 парцели со вкупна површина од близу 768.000 квадратни метри, кои претходно ги управуваа приватни лица, додаде министерот.
Исто така, истакна дека оваа сезона, Албанија за првпат обезбеди 124 општински плажи со вкупна површина од околу 475.000 квадратни метри за директно управување од страна на локалните властиНајголемиот дел од оваа површина, околу 316.000 квадратни метри, се во општина Драч, по што следат општините Лежа , со 75.000 квадратни метри, Химара, 51.000 , Валона, 21.000 и Скадар, 13.000 квадратни метри.

Македонски


