Skip to main content

„Киноверзум“ во Кисела Вода се санира по штетите направени од невремето, почува со работа на 4 август

Силното невреме проследено со обилни врнежи кое неодамна го погоди главниот град, предизвика штети на објектот и опремата и на киното „Киноверзум“ во Кисела Вода, кое е лоцирано во Домот на култура „Билјана Беличанец“.

Од „Киноверзум“ тогаш информираа дека привремено нема да работат на оваа локација, поради санација на просторот и опремата.

Денес, доаѓа убава вест за сите љубители на киното и добрите филмови. „Киноверзум“ во Кисела Вода веќе идната недела повторно започнува со работа. На репертоарот ќе бидат филмските остварувања кои го освојуваат светот „Одисеја“ и „Спајдeрмен“.

Нашите мајстори се на терен и ги санираат штетите од поплавите во Кисела Вода. Киноверзум во Кисела Вода ќе почне со работа на 4-ти август 2026. Доаѓаат Одисеја и Спајдермен, објавија од „Киноверзум“.

Поврзани вести