
Културно – информативниот центар Битола, се подготвува за отворањето на Битолското – културно лето БИТ ФЕСТ 2026.
Фестивалот се отвора на 19 јуни во НУ Центарот за култура во Битола, со почеток во 19.30 часот, а ќе го отвори мјузиклот „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски.
Влезници по цена од 300 денари ќе може да се набават од понеделник 15.06.2026 година, во периодот од 10.00 до 14:00 часот и од 18:00 до 20:00 часот во Офицерски дом во Битола.
Влезниците се во ограничен број, а резервации може да се направат на телефонскиот број +389 71348421.

Македонски



