Skip to main content

Најмалку 12 загинати во тешка автобуска несреќа во Унгарија

принтскрин/Х

Најмалку 12 лица загинаа, а десетина се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќва во Унгарија, кога полски туристички автобус се излизга од автопатот М3 во близина на градот Мецекерешто во источна Унгарија, објави државната новинска агенција МТИ.

Според унгарските медиуми и полицијата, во автобусот во моментот на несреќата имало 57 патници и двајца возачи.

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

Делот од автопатот М3 каде што се случила несреќата е затворен за истрага.

Поврзани вести