Skip to main content

Aвстралија го продолжи договорот со селекторот Тони Попович

Ден пред својот премиерен натпревар против Турција на Светското фудбалско првенство, Австралија го продолжи договорот со селекторот Тони Попович.

Австралискиот стратег со хрватско потекло ќе остане на клупата до завршување на Азиското првенство, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија од 7 јануари до 5 февруари идната година.

Воодушевен сум што ќе ја предводам Австралија на Азиското првенство. Од моментот кога ја презедов репрезентацијата, имав долгорочни интереси на ум, но во исто време и постигнување резултати, кои првенствено се однесуваа на квалификациите за Светското првенство“, рече Попович.

Тој беше назначен за селектор на Австралија во 2024 година, а на 18 натпревари забележа десет победи, четири нерешени и исто толку порази.

Австралија игра против Турција во првото коло од Групата Д на Светското првенство в сабота во Ванкувер. 

Поврзани вести