
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.
Како што информираат од Општината, денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места каде што се собира вода и каде што постојат услови за развој на овие инсекти.
За дополнителна заштита и целосно намалување на бројноста на инсектите, акцијата ќе продолжи и во петок, кога ќе се изврши теренско прскање против возрасни комарци на територијата на овој дел од општината.
Општина Кисела Вода ги потсетува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на своите пчелни семејства поради најавеното прскање против возрасни комарци кое ќе се реализира во петок.

Македонски


