
Продолжените рокови за стекнување сопствени нуклеарни подморници го поттикнуваат раководството на Австралија да размисли за развој на беспилотна, поморска опрема. Австралиските власти веќе издвоија над 1 милијарда долари за автономни подводни возила „Гоуст шарк“ (Ghost Shark), кои се произведуваат заедно со американскиот „Андурил“ (Anduril).
Иако официјална Канбера веројатно нема да застане тука, со оглед на растот на трошоците за одбрана, израелската ИАИ веќе активно го промовира беспилотното подводно возило „Синиот кит“ (Blue Whale) на локалниот пазар, наменето за извидување, собирање податоци и откривање на подводни објекти.
Зошто на Австралија и се потребни вакви системи?
За австралиската морнарица, таквото возило е корисно како „помошник“ за идните нуклеарни и сегашните дизел-електрични подморници. Пловилот може да биде употребено за да ја провери областа за присуство на непријателски половила, проширувајќи го извидувачкиот дострел на главната подморница.
„Синиот кит“ може да се користи на северните пристапи меѓу Австралија и Јужното Кинеско Море. Таму може да собира податоци за ситуацијата со недели, да го следи движењето на бродовите и подморниците, а потоа да ги консолидира податоците од други разузнавачки средства во една слика.
Автономниот систем е способен и однапред да ја испитува рутата и морското дно за мини. Во исто време, ваквите системи се корисни за следење на областите на поставување подводни кабли и друга критична инфраструктура.
Договор со ИАИ се уште не е склучен, но австралиската војска веќе употребува системи во одбраната од израелски изведувачи, така што одбранбените врски меѓу страните се доста развиени.
Фокусот на австралиското раководство за развој на подводни способности е долгорочен. Австралиската морнарица сè уште има долго чекање за добивањето нуклеарни подморници, поради што Канбера веројатно нема да одбие брзо да ги зајакне своите сили. Судејќи според реториката на властите, таквите системи се неопходни за следењето на кинеската поморска активност во регинот.

Македонски


