
Министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе се обрати на настанот „Ѕвониме за децата“ со кој се одбележува Светскиот ден на детето и почетокот на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на УНИЦЕФ.
Оваа година, Македонија им се придружува на земјите ширум светот во глобалната иницијатива „Ring the Bell for Children“, предводена од УНИЦЕФ и Иницијативата на Обединетите нации за одржливи берзи. Иницијативата ги обединува берзите, компаниите, инвеститорите и претставниците на власта за да ја истакне улогата што деловните и инвестициските одлуки можат да ја имаат во унапредувањето на правата на децата.
Настанот ќе се одржи на 20 ноември 2026 (петок) со почеток во 09.30 часот во Дајмонд Мол (Атриум), ул. Железничка 31, Скопје.

Македонски




