Skip to main content

Лига на нации: Естонија, Белорусија, Кипар и Фарски острови можни противници на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација идниот март ќе игра плејоф за опстанок во Б дивизијата на Лигата на нации (ЛН), а со завршувањето на последното шесто коло, избраниците на Гоце Седлоски ги дознаа и своите потенцијални противници.
Ждрепката е закажана за в петок во седиштето на УЕФА во Нион, кога ќе се одлучи која од четирите второпласирани репрезентации во дивизија Ц, Естонија, Белорусија, Кипар и Фарските Острови, ќе биде противник на репрезентацијата на Македонија.


Македонија ќе биде носител во ждрепката и ќе го игра реваншот дома.
Првиот плејоф натпревар е закажан за периодот од 23 до 25 март, а реваншот за 28-30 март

Поврзани вести