Skip to main content

Санацијата на свлечиштето на Теферич треба да почне по завршувањето на тендерот околу 20 август

Министерството за транспорт ќе го преземе решавањето на проблемот со сложеното движење на земјиштето кај Теферич, а во санацијата ќе бидат вклучени експерти од Министерството и од Јавното претпријатие за државни патишта. Доколку биде потребно, ќе бидат ангажирани и дополнителни стручни лица.

Министерот за транспорт Александар Николоски вчера изјави дека станува збор за сложена проблематика, која по својата природа е слична на проблемот со кој надлежните се соочиле на автопатот Кичево.

Се работи за проблематика која е доста сложена и каде што е потребна голема стручност. Затоа сметавме дека е добро тоа да го преземе Министерството за транспорт, со експертите кои ги имаме, и на тој начин да се санира проблемот“, рече Николоски.

Според најавите, тендерската постапка треба да заврши околу 20 август, по што ќе следува избор на изведувач и почеток на градежните активности.

Динамиката на санацијата, сепак, ќе зависи и од временските услови. Николоски посочи дека за дел од работите е неопходен сув терен, поради што временските услови, особено во текот на зимскиот период, може да влијаат врз реализацијата.

Оставаме година дена, но треба да видиме и зимата каква ќе биде. Се претпоставува дека за година дена треба да се заврши како што треба“, изјави Николоски.

Според очекувањата на Министерството, санацијата треба да биде завршена во рок од околу една година, при што конечната динамика ќе зависи од условите на теренот и временските прилики.

Поврзани вести