Skip to main content

Ѓорѓиевски одржа координативна средба со скопските градоначалници

Градоначалникот на Скопје одржа редовна координативна средба со градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, на која биле дефинирани следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на главниот град.

Заедно со моите колеги, градоначалниците на општините на територијата на град Скопје и претставници од општините, одржав редовна координативна средба, на која ги дефиниравме следните чекори за подобрување на квалитетот на животот на нашите сограѓани. Разговаравме отворено, конкретно и одговорно. Ги утврдивме приоритетите, ги усогласивме активностите и ги договоривме проектите што ќе значат подобро утре за секој скопјанец – објави Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Тој истакна дека Скопје може да оди напред само кога Градот и општините работат заедно, со јасна цел и со силна посветеност.

Затоа, нашата координација е работен процес преку кој решаваме реални проблеми, создаваме нови можности и градиме град што ќе биде поуреден, пофункционален и поблизок до потребите на граѓаните. Како Град Скопје, стоиме цврсто зад секоја општина. Таму каде што има потреба, ќе има поддршка. Таму каде што има иницијатива, ќе има реализација. Таму каде што има проблем, ќе има решение. Нашиот народ заслужува работа, резултати и дела што се гледаат. Скопје го градиме заедно – чекор по чекор, општина по општина, проект по проект – додаде Ѓорѓиевски. 

Поврзани вести