
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната.
Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фокс њуз.
Тој додаде дека САД ќе продолжат со „отворен дијалог“ со Украина и Зеленски.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави дека ќе се сретне со Владимир Путин во Алјаска на 15 август, но дека е отворен за трилатерален состанок на кој би учествувал и Зеленски.
Блумберг објави дека американските и руските претставници работат на постигнување договор што би ја запрел војната во Украина и кој би го потврдил руското присуство на териториите што Москва ги има под контрола од почетокот на војната.