
Бразил го додаде кинескиот производител на електрични возила „BYD“ на својот официјален список на компании обвинети за услови за работа слични на ропство по скандалот од 2024 година во кој беа вклучени 163 работници.
Одлуката образложува дека работниците наводно биле донесени во Бразил за да помогнат во изградбата на фабриката на „BYD“. Подоцна било откриено дека тие живееле во лоши услови, вклучувајќи преполни станови, недостаток на душеци и ограничен пристап до основни погодности.

Министерството за труд на Бразил соопшти дека вклучувањето на списокот може да влијае на пристапот на „BYD“ до одредени банкарски кредити, но нема да ја спречи компанијата да работи во земјата.
Од „BYD“ соопштија дека во тоа време не бил свесни за никакви прекршувања. Изведувачот ги негира обвинувањата.

Македонски


