
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во 20 часот ќе информира за текот на акцијата за чистење на градот којашто завршува денес.
Ѓорѓиевски ја најави акцијата уште во предизборната кампања, а ја почна кога ја презема градоначалничката функција.
Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски попладнево напиша дека во акцијата биле вклучени повеќе од 2.500 луѓе и над 100 возила. Упати апеил до граѓаните за одговорно однесување, предупредувачки дека во иднина нема да се толерира несовесното одложување на отпад.
– Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје. Да го чуваме Скопје, стои во објавата на Фејсбук

Македонски







