Skip to main content

Почна мандатот на новиот Совет на Град Скопје

Фејсбук профил на Даме Димитровски

Даме Димитровски, кој на локалните избори ја предводеше советничката листа за Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека денеска официјално започна нивниот мандат во Советот на Градот.

Ова не е само формален почеток, туку почеток на нов начин на работа. Советот ќе функционира јавно, транспарентно и отчетно, со единствена цел: во служба на граѓаните на Скопје. ️ Ќе поставиме темелни политики кои ќе донесат ред, функционалност и квалитетен живот во градот, вели Димитровски.

Посочува дека ќе бидат гласот на секој скопјанец, за секоја општина и маало.

Димитровски додава дека почнуваат со работа одговорно, посветено и со визија.

Поврзани вести