
Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека заловеното животно во наслебата Козле е волк, а не куче – изјави вработената во скопската Зоолошка градина Тина Мицкоска, која синоќа го забележала животното на улица во Козле.
„Од секое негово движење, и сите карактеристики во изгледот јасно е дека станува збор за волк. Сега за сега останува во карантин, со АХВ ќе се направи проверка дали има микрочип, зашто тие се сомневаат дека можеби е украдено од некоја друга држава, дали можеби е донесено од некоја друга зоолошка, но додека не го утврдиме тоа не можеме да знаеме дали е микорчипирано или не и ќе биде под постојан надзор.
Таа вели дека повеќе луѓе потврдиле дека станува збор за волк, меѓу кои и директорот на Лајка Војислав Димитровски, иснпектори од АХВ кои го потврдија, вработени и колеги од други зоолошки.
Синоќа, по пријава на граѓани во населбата Козле беше заловен волк, кој според надлежните бил питом и мирен и најверојатно бил чуван во домашни услови. Тој имал и ременче. Сместен е во Зоолошката градина во Скопје.

Македонски



