Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: ИПАРД продолжува и не е блокиран, Реформската агенда напредува

СДС континуирано шири лаги и лиферува неточни информации во јавноста само за политички поен плус. СДС и Филипче се нервозни и во паника од константното топење на нивниот рејтинг и го губат тлото под нозете па секојдневно ја манипулираат јавноста, но секој пат нивните лаги набрзо се демантираат и вистината излегува на виделина, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Филипче, свесно создаваат погрешна перцепција кај граѓаните и нанесуваат штета на институциите и процесите што се спроведуваат.

Брисел и Вајц ги потврдија фактите за тоа што СДС ширеше невистини за ИПАРД и Реформската агенда. Со тоа целосно се демантираат повеќемесечните тврдења и обиди за ширење паника од страна на СДС и Венко Филипче, со кои свесно се манипулираше јавноста, особено земјоделците, преку неточни информации за наводно стопирање и губење на европски средства.

Брисел јасно потврди дека ИПАРД програмата не е блокирана и дека нејзината реализација продолжува непречено. Европратеникот Томас Вајц, дополнително истакна дека Македонија бележи напредок во спроведувањето на Реформската агенда.

Фактите покажуваат дека по случувањата во Платежната агенција, институциите реагираа навремено, процесите беа привремено стопирани исклучиво заради проверка, а Брисел беше целосно информиран и побарана беше темелна контрола. Извештаите потврдуваат дека системот функционира согласно законските прописи и дека не се утврдени злоупотреби.

Исто така, јасно е потврдено дека изјавите на кои се повикува СДС се извадени од контекст и се од постар датум, без допир со актуелната состојба.

СДС лажеа за мигранти, лажеа за Буџетот, лажеа за пензиите, за платите, за земјоделците. Нема за што не лажеа и беа демантирани.

СДС да престане со конструкции и лаги, јавната комуникација треба да се темели на проверени и точни информации, со цел да се избегне дезинформирање на граѓаните и непотребно внесување несигурност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и институциите продолжуваат со фокус на реформските процеси, стабилна реализација на европските програми и забрзување на евроинтегративниот пат на државата.

Поврзани вести