Skip to main content

Се сеќавате на „вие, вие господине Заев“? Истата „шарена“ девојка се појави и на денешниот протест

Вие господине Заев сте единствениот човек во последниве две декади кој ја тргна маската од вештачкиот лицемерен национализам кој што се криеше зад зборот демократија.Вие господине Заев ја сменивте историјата на Балканот кој што во умот на секој интелектуалец низ целиот свет постои како црна дупка се уште поради разорниот конфликт, поради национализмот, поради лажниот патриотизам кој ништо не донесе освен раздор и конфликт.Вие господине Заев сте најголема мотивација.

Се сеќавате ли на овие зборови на оваа шарена социјалдемократка која го величаше Зоран Заев од што дури и на тогашниот лидер на опозицијата му беше незгодно што го слуша.

Истата таа девојка сосема случајно и спонтано се појави и на денешните протести за пожарот во Кочани. Сега таа бара промени.

Многу треба да направиме за да смениме. Прво од нас да почнене.Да престанат политичарите да се сликаат покрај повредени деца да ги користат за политички цели. Да не ја заборавиме оваа трагедија-вели загрижената активистка.

Поврзани вести