
Легендарниот парагвајски голман од 1990-те години на минатиот век, 60-годишниот Хозе Луис Чилаверт, предизвика контроверзи пред вечерашниот осминафинален натпревар на Парагвај против Франција на Светското првенство, објавувајќи на социјалните мрежи дека неговата земја ќе игра против „тим од Африка“.
Одговарајќи на објавата на поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари, кој напиша дека Франција ќе го „уништи“ Парагвај, Чилаверт објави фотографија од Светското првенство во Франција во 1998 година, под која напиша:
„Кристоф, во право си, во 1998 година игравме против Франција, а овој пат ПА ќе се соочи со тим од Африка“.
На Мундијалот во 1998 година, Франција и Парагвај, исто така, се соочија во осминафиналето во кое Французите победија со 1-0 на патот до својата прва светска титула.
Лоран Блан беше стрелец на „златниот гол“ во 114. Минута на тој осминафинален натпревар на кој Чилаверт бранеше за Парагвај, додека Дугари настапи за Франција.
Вечерашниот дуел меѓу Франција и Парагвај ќе се игра во Филаделфија со почеток во 23 часот по средноевропско време

Македонски



