Skip to main content

35 години независност на Македонија: На 15 август „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“ во Струмица, на 16 септември во Крушево

Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, на 15 август во Градскиот парк во Струмица ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“.

Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена.

Концертот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да уживаат во настапите на трите легендарни македонски групи. 

По десетици илјади посетители во Охрид, Битола и Велес, караванот продолжува низ Македонија!

📍 16 август – Крушево, Плато Гумење

📍 17 август – Куманово, Плоштад

📍 18 август – Штип, Плоштад

📍 19 август – Прилеп, Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

🕣 Почеток: 20:30 часот

🎟️ Отворени настани со бесплатен влез

Повеќе од 100 македонски уметници на една сцена;

Песни што ги паметиме, гласови со кои растевме и нови генерации кои продолжуваат да ја создаваат македонската музичка приказна!

Се гледаме заедно да прославиме 35 години независност!

Поврзани вести