Skip to main content

Kичевски од СДСМ не ја исклучува можноста од формирање на нова партија

Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите противници, напиша на својот фејсбук-профил поранешниот функционер на СДСМ, Васко Кичевски за ставот на актуелното раководство на партијата за новата политичка платформа.

„Со секој нов ден ги туркате сè поблиску кон создавање нова партија. Свесно или несвесно, на овој начин опозицијата се дели уште подлабоко“, напиша Кичевски.