Skip to main content

АФД верува во своите лидери и во доаѓање на власт во Германија

Facebook / Alice Weidel

– Делегатите на националната конвенција на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) денеска со големо мнозинство ги реизбра своите лидери, додека десетици илјади антидесничарски демонстранти протестираа, а некои се судрија со полицијата што го обезбедуваше митингот.

Продолжени се мандатите за уште две години на Алис Вајдел и на Тино Хрупала, кои на денешната конвенција немаа противкандидати. Вајдел е реизбрана со 81 проценти од гласовите, а Хрупала освои 70 отсто.

Facebook / Alice Weidel
Facebook / Alice Weidel

Конвенцијата, што ќе трае и утре се совпадна со стогодишнината од состанокот на Нацистичката партија, што беше одржан во близина, на кој е зацврстена моќта на Адолф Хитлер. Историчарите и политичките противници тврдат дека станува збор за силна симболика, но АфД тврди дека не е намерно.

На последните парламентарни избори во Германија, што се одржаа во 2025 година, АфД освои 20,8 проценти од гласовите, што е најдобар изборен резултат на ултрадесничарска партија од Втората светска војна. Оттогаш поддршката за АфД е ви пораст и сега е на првото место помеѓу политичките партии,

Но, критичарите и политичките опоненти бараат АфД да биде забранета.

Полицијата соопшти дека на денешниот протест имало 31.000 луѓе кои носеа транспаренти „Стоп АфД нацисти“ и „За различност, против нацистите“

Поврзани вести